logo

# Сатира

СИТУАЦИЈАТА ЕСКАЛИРА :  Штрајк пред рајските порти!

насловна слика

Пред малку, наеднаш, турканицата тука пред влезот во рајот се претвори во вистински гласен штрајк пред рајските порти, а незадоволните и нервозни присутни чекачи бараат ситуацијата со сертификатите  да се реши во најбрз можен рок! Стравуваат бидејќи гужвата се зголемува во секој миг сѐ повеќе и нема да има место ни во чекалната, велат.

Под притисок, ОДОЗГОРА со ново решение!

Се шпекулира дека паднала одлука да се изгради нов модуларен рај додека не биде решена ситуацијата со присутните и сертификатите. После ова решение на присутните не им е сеедно, а забележително се зголемија вербалните вулгарни дофрлања од стана на сите на кои им недостасува сертификат!

Штрајкот едногласно продолжува и градира – за изјави во моментов нема простор.

Сепак, за оваа информација за модуларниот рај ќе почекаме да ни потврди митрополитот преспанско пелагониски Г. Петар кој во моментов чека точен одговор одозгора, додека ситуацијата продолжува динамично да ескалира.

Остануваме на терен!

 

СЛЕДЕТЕ ЈА ПРИКАЗНАТА ОД ПОЧЕТОК:

ЛИНК 1:

ТЕНЗИИ ВО РАЈОТ: Се бара сертификат повеќе!

https://kooperacija.mk/blog/satira/tenzii-vo-rajot-se-bara-sertifikat-povekje?fbclid=IwAR0cC0WY_RghtzDg2v2PW7saYiJU2Gob3jBsgtr_MCpCzAH6pLlqIAbRIuI

ЛИНК 2:

ВО ЖИВО ПРЕД РАЈСКИТЕ ПОРТИ: Турканиците не престануваат!

https://kooperacija.mk/blog/satira/vo-zivo-pred-rajskite-porti-turkanicite-ne-prestanuvaat

Коментари


Остави коментар