Душите на граѓаните пред рајските порти во паника! Турканици, кавги и недоследности се само дел од сцените на кои сведочиме тука, на чекор до рајот. Некои од нив се снајдоа со сертификати за вакцинација, но сеуште голем е бројот на оние кои чекаат за влез. Се бара и сертификат за втора примена доза што дополнително ја зголеми тензијата. Меѓу душите на граѓаните се шпекулира дека и пеколот е преполн, па некои од нив ќе бидат вратени во нашата земја каде една недела ќе мора да останат во карантин! Ова кисело го примија чекачите и многумина од нив велат дека ќе останат да чекаат ове, ни на небо ни на земја со цел да не бидат вратени во нашата земја.
За жал не овој пат не успеавме да земеме изјава од митрополитот Г. Петар, но остануваме на терен!