logo

# Сатира

НОВИ ЗАБРАНИ ЗА НЕВАКЦИНИРАНИТЕ! Нема да смеат да се вакцинираат!!!

насловна слика

Нов ден - нови работи во кои што нема да може да уживаат невакцинираните луѓе!

 

Ден откако Венко Филипче најави дека невакцинираните нема да смеат да одат во кино сали, фудбалски стадиони и нема да смеат да ја плукаат владата - екипата на Кооперација дознава дека ова е само почеток на блокадите за невакцинираните!

 

Имено, секој жител на вашата земја што не е вакциниран нема да може да биде вакциниран!

 

"Доколку сакате да влезете во болница, сала, нива или трактор каде што се случува вакцинирање ќе мора да прикажете доказ дека веќе сте вакцинирани. Секогаш има гужва во овие места и големи се шансите да фатите Корона. Не сакаме да ризикуваме и сметаме дека секој што ќе сака да влезе на некое од овие места ќе мора да докаже дека е безбеден граѓанин што веќе ги има примено двете дози вакцина. Веруваме дека забранта на невакцинираните да се вакцинираат ќе се покаже како правилен потег што ќе ги мотивира луѓето да се вакцинираат во што е можно поголема бројка!" - изјави Филип Венковче на прес на Владата.

 

Имено

Коментари

Qg34msklc9WIwDEms6KPURsb8JFoRzAz172kzRtD

Ова е лажна вест! Името не му е Филип Венковче, туку Венче Филипов звани нагалено госпожа Капаче


Остави коментар