logo

# Сатира

Венко: Само вакцинирани смеат да плукаат по владата!

насловна слика

Се најавува нова мерка која би требало да ги мотивира граѓаните да се вакцинираат!

 

Имено, Венко Филипче најави дека во иднина само вакцинирани луѓе ќе смеат да плукаат по владата.

 

"Првично сакавме ваква мерка да воведеме за одење на културни настани. Ама потоа ни текна како навистина да ги мотивираме граѓаните. Што прават почесто од одење на кулутрни настани? Плукаат по владата! Затоа, во иднина, кога и да ќе напраивме некоја лоша одлука тоа ќе може да биде перцепирано како добра одлука бидејќи нашата неспособност само ќе мотивира луѓе да се вакцинираат за да може да не' плукаат! Башка, науката го потврдува ова, бидејќи КОВИД-19 се пренесува и со плунка. Веруваме дека оваа одлука ќе го донесе колективниот имунитет во државава!" - изјави Филип Венковче во интервју за нашиот сајт.

Коментари


Остави коментар