logo

# Сатира

Милијардерот Илон Маск ги купува зградите на Чифлиганец за да ги прошири становите

насловна слика

Сопственикот на најголемата компанија за електрични возила „Тесла“, кој пред само неколку недели го купи Твитер за неверојатни 44 милијарди долари, најави започнување на нов инвестициски циклус, од кој дел ќе биде и Нашата Земја, поточно компаниите на нашиот најпознат филантроп и градител, Ванчо Чифлиганец.

 

- Барајќи начин како да му вратам на човештвото за огромниот успех и да споделам дел од богатството што го заработив, налетав на трогателната приказна за становите што на ниски температури се стеснуваат и толку многу ме погоди, што одлучив да ги купам и да ги проширам. За среќа, сегашниот сопственик на градбите се погоди разбран и без двоумење ја прифати мојата понуда. Здравје, од понеделник, почнуваме со ширење и надоместување на изгубеното. - изјави Илон Маск за Кооперација.

 

Тој објасни дека освен за зградите, договор е постигнат и за Топлификација, која ќе го пушта парното 24 часа на ден, сите 365 дена во годината, со цел од топлината становите да се вратат во нивната првобитна квадратура, а трошокот за потрошената енергија ќе го сноси новиот инвеститор.

Коментари

I8zYx5Oh0F0UaAtmN7oHgaSKsINXZHSivElLUtnw

Да му понудите да го реши стечајот со ЕуростандардбанкаЕуростандард


Остави коментар