Компанијата Адора инженеринг, која синоќа беше тема на документарецот на Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ) поради тоа што на купувачите им продавала за 2-3 квадрати помали станови од она за што платиле, реагираше на новинарската сторија со објаснување дека очигледно становите биле мерени во зима, па затоа имале помала квадратура.
- Да не се правиме на три и пол. Основна физика е дека телата на топло се шират а на ладно се стеснуваат. Плус не знаеме со какво метро мереле. Дали тоа метро е баждарено? Кој го баждарел? Зошто знаете како е, она што за жена ми се 10 сантими, за мене се 20. Секој има различна перцепција. - рече сопственикот на компанијата, проф. д-р Ванчо Чифчиганец.
Тој истакна дека е спремен да се бори за вистината и инсистира големината на становите да се мери на лето со ветување дека доколку и тогаш се покаже дека добиле помали стванови, за секој квадрат што им фали на сопствениците, ќе им врати два квадрати земјоделско земјиште.