logo

# Сатира

КОЈОТОТ: Плановите на Мицкоски поретко успеваат и од моите!

насловна слика

Само неколку месеци откако се случи (?) настанот кој ја потресе државата (?) со својата масовност (?) и гласни факти и докази против власта (?), а беше наречена "Македонска пролет" од страна на Христијан Мицкоски, со свој став се јави и познатиот лик - Којотот, кој е познат по тоа што ја брка Брзата Птица Итрица.

 

"Брееееј... па и јас поуспешен и попаметен сум во моето планирање. Мислам ајде, кога сте чуле дека една кампања успеала на овој Мицкоски? Македонска пролет? Жешко лето? Што е следно? На секои три месеци најавува некои протести или кампањи и никогаш не се случуваат ствариве. Барем јас секогаш одам до крај. А овој ќе почне протести, ќе почне "бомби", ќе почне дебати... и цело време баталува работи... не знам, ептен чуден лик, мислам дека порано подобри ликови цртаа..." - изјави Којотот во интервју за нашиот сајт.

 

Стапивме во контакт и со Мицкоски кој кажа дека оваа година Македонската пролет ќе се случи во Септември, а најверојатно кога ќе дојде на власт ќе ги помести месеците за да изгледа дека бил секогаш во право.

 

Ова не е прв пат да имаме статија за фиктивен лик што никогаш не постоел нити ќе постои во реалноста, бидејќи пред оваа статија за Којотот, веќе еднаш имавме статија и за Ѓорге Иванов.

Коментари


Остави коментар