Владата објави зошто следната година нема да учествуваме на Евровизија!
Долгогодишното учество ќе биде прекината поради лошата финансиска состојба, а парите кои биле планирани за ова музичко натпреварување ќе бидат прераспоредени за нешто подобро.
"Криза е. Се е поскапено. Мора да работиме паметно. Дали сакаме да намалиме со јадење на бифтеци и со тоа да ризикуваме да носиме лоши одлуки на гладен стомак? Секако дека не, се работи за битни одлуки, а битни одлуки не се носат кога си ненајаден! Затоа, решивме следната година да не бидеме дел од Евровизија, а парите ќе ги намениме за бифтеци." - изјави член на Владата.
Оваа вест доаѓа откако лидерот на ВМРО-ДПМНЕ побара референдум за Евровзиија - линк.