logo

# Сатира

Мицкоски бара на ист трошок референдум за Евровизија, референдум за ЕУ предлогот, претседателски избори и парламентарни избори

насловна слика

Христијан Мицкоски со свој став за одлуката за повлекување на нашата земја од Евровизија 2023, која ќе се одржи во Ливерпул, Украина.

 

Тој вели дека народот не бил запрашан за оваа одлука и смета дека вака битна одлука може да се реши само на референдум, а кога веќе би имало референдум за Евровизија не би било лошо на ист трошок да има и уште неколку избори.

 

"Оваа влада мора да падне! Ќе се откажувале од Евровизија? И тоа малку што им остана радост на луѓето ќе го кратат??? Зошто??? За да заштедат пари??? На што ќе ги трошат??? На амбулантни возила? Баш прееска праев муабет со Тамара Тодевска, она го дели ова мое мислење. Ќе одиме да штрајкуваме пред собранието се додека не се распише референдум за Евровизија, за ЕУ предлогот за решение на проблемот со нас и Бугарија, парламентарни избори, претседателски избори, а воедно и може оваа на Скопје градоначалничкава да се смени, ако веќе имаме избори, да не се трошиме нели..." - изјави Мицкоски во разговор со еден човек што подоцна ни го пренесе разговорот на нас во замена за пари.


Ќе видиме дали овој план ќе му усп..хаххаха, Мицкоски е, фала богу нема да му успее.

 

Коментари


Остави коментар