Претседателот на Русија продолжува со неговата агресија врз Украина.
Неговото навлегување во Украина резултира со голем број на жртви, а како што разбира нашиот сајт се повеќе Украинци се уапсени од страна на Руската армија.
Дел од уапсените граѓани штрајкувале против Русија, дел биле пацифисти кои носеле знамиња на Украина и повикувале на запирање на војната, а неколку граѓани биле уапсени поради тоа што скандирале "НИКОГАШ ДНР! НИКОГАШ ЛНР! САМО УКРАИНА!".
"Нормално дека такво скандирање е навредливо. Доњецката Народна Република (ДНР) и Луганската Народна Република (ЛНР) се независни. Потпишано е тоа и се е црно на бело. Секој што одбива да верува во оваа уставна реалност е опасност по демократијата и шири сериозни националистички пораки и упатува сериозни територијални претензсии на Украина кон држави што не и припаѓаат. Ова неак е порака до секој граѓанин на Украина. Ако скандирате "Никогаш ДНР! Никогаш ЛНР! Само Украина!" дефинитивно ќе бидете уапсени и ќе се соочите со мојата демократија." - изјави Путин за апсењата.