logo

# Стрип

Чудно! Овој човек го интересира дали е загаден воздухот иако сме членка на НАТО????

насловна слика

Се почесто може да најдете забегани граѓани во нашата земја.

 

Нашата екипа најде премногу такви луѓе во последно време, а овие луѓе може да ги пронајдете и вие.

 

Само треба да гледате дали овие луѓе се замараат за тоа дали воздухот во земјава е чист или не.

 

Ние стапивме во контакт со В.И. од Скопје, граѓанин кој вели дека гајле му е дали сме членка на НАТО, бидејќи се уште диши загаден воздух.

 

"Шо? НАТО??? Шо напраиле тие за мене? А бе какво НАТО, каков БАТО бе??? А бе сакам воздух да дишам!!!! Чист воздух сакам да дишам!!! Дали ти сериозно мислеше дека јас ќе престанам да пишувам фејсбук и твитер статуси секој ден за загаденоста на воздухот само поради тоа што падна ДПМНЕ од власт и на нивно место дојдоа на власт??? Дали ти сериозно мислеше дека ќе добијам место во влада и ќе престанам со такви твитови??? Дали ти сериозно мислиш дека ќе го политизирам  воздухот?? Ееееј воздух бе! Најосновна работа за живот! Фала богу дека воздухот ми е побитен и од НАТО и од ЕУ, дали си ти нормален бе чоече???" - изјави овој ненормален граѓанин во разговор со нашиот сајт.

 

Надреално е како е возможно да постојат вакви луѓе во оваа година. Забегано. Навистина забегано...

 

 

Коментари


Остави коментар