logo

# Сатира

Зоран Заев за предлогот на ЛДП: "Ебаму името, ебаму..."

насловна слика

Главна вест денеска е барањето на ЛДП да се смени името на главниот град на Украина од Киев во Киив, а ова нешто ни кажува дека дефинтиивно ова е спор ден за битни вести.

 

Секако, голем број на луѓе имаат свој став за оваа информација, па затоа не не' изненадува тоа што и поранешниот премиер Зоран Заев има свое мислење.

 

"ЛДП сака да се смени името на Киев во Киив за да ја поддржиме Украина во војната? Ебаму името, ебаму. Шо е битно како се вика? Шо ќар ќе видат Украинците од тоа да им го смениме името така они како шо сакаат? А бе дајте некако да им помогнеме на Украинциве да влезат некако во некое заедништво со милион жители. Името најмалце треба да им е битно на нив." - гласеше статусот на Зоран Заев на социјалната мрежа vKontakte.

 

Фер став, нема што.

 

Коментари


Остави коментар