На неколку денови пред најавената "Прајд парада 2021", Зоран Заев го даде своето мислење за геј движењето:
"За што ме прашувате? Геј луѓе нешто? Па што да кажам. Зошто се гледа позади? Ајде да се гледа малце напред. Нели би било подобро да гледаш напред наместо да се фиксираш за тоа позади? Не сфаќам, мене ова ми изгледа како нешто очигледно. Ги повикувам да гледаат напред, а не позади! Само со гледање напред и баталување на се останато можеме кон нови победи! Да се обединиме!" - изјави Заев.
Сега за сега група на научници е собрана да ја истражува оваа изјава и се уште немаат поим дали Зоран Заев со ова движење е ПРО или АНТИ парадата. Научниците не се ни сигурни дали некогаш и би го сфатиле овој говор на Зоран Заев и што тој навистина сакаше да каже.