logo

# Сатира

ЗОРАН ЗАЕВ ОПТИМИСТ: Утре ќе патувам до Софија и ќе го решиме проблемот!

насловна слика

Премиерот на владата во сенка и човек што е исто така премиер и кога зградата на владата нема да биде под сенка - Зоран Заев, објави дека конечно ќе биде решен проблемот што веќе неколку години го мачи.

"Ви ветувам, утре ќе патувам до Софија и ќе го решам проблемот. Овој проблем траеше долго време, но мислам дека е време да се среди. Госпоѓата Софија делува како разбирлива комшика и мислам дека ќе сфати дека ми смета тоа што секој викенд ја користи бормашината. Ќе најдеме заеднички компромис" - изјави Зоран за проблемот со комшиката Софија.

Воедно, запрашан за проблемто со Бугарија тој кажа "А бе, тури му курот, тоа на референдум ќе го решава некој следен додека ја ќе си чилам негде у странство хааххахаах знаеш како е батец"

Коментари


Остави коментар