Изгледа дека конфликтот меѓу армијата на САД и талибанците се ближи при крајот, откако денеска, премиерот на нашата, а и ваша земја дојде со генијално, нобеловско решение кое би требало да ги реши сите конфликти!
Имено, Зоран Заев кажа дека е спремен да ги прими талибанците и преставниците на САД во Дојран каде што тие би потпишале т.н. "Дојрански договор"
"Не сфаќам зошто има проблем? Не постои ниту еден проблем што не може да се реши со разумен компромис. Ние така направивме со Охридскиот и Преспанскиот договор. Значи едноставно е. Ќе се потпише некој договор. И двете страни можеби не сакаат, ама навистина добрите договори ги прави двете страни незадоволни. Јас вака за малце ќе добиев нобелова награда, така да спремен сум да посредувам помеѓу талибанците и Американците, за тие конечно со потпишан договор да решат се. Гледам Бајден нешто збори за борба со терористите, се гледа дека е некој затуцан конзервативец. Можеби ќе се кандидирам за претседател на САД во 2024, очигледно е дека овој лидер не знае како да реши сериозен проблем. Јас знам. За малце и нобелова ќе добиев." - изјави Зоран Заев.