Зоран Заев е оптимист за иднината на својата држава, а и за својата иднина.
На прес за новинарите, премиерот беше запрашан дали се чувствува како херој што неуморно секој ден се бори за нашата земја, а тој одговори дека е прерано да се каже за што се бори.
"Ех, не сакам да зборам пред време. Еден ден моите потези овие денови ќе бидат минато. А го знаете мојот стасв за минатото. Минатото е премногу несигурно и се менува секој ден.
Ете, Илинденците порано мислеле дека се борат за Македонија, а уствари се бореле за Северна Македонија. Во втора светска војна мислеле дека се бореле против Бугарија, а уствари се бореле против некои невини административци што можеби и не биле од Бугарија?
Така да, кој знае, глупо би било јас сега да кажам дека сум Македонец што се бори за нешто, кога за 150 години од сега мојот внук на преговори со Јужна Африка можеби ќе потпише договор според кој јас сум бил жител на Брегот на Слоновата Коска што се борел за независно Јужно Косово и влез во НАСА на Србија.
Не сакам да ја направам грешката на луѓето од Македонската Ослободителна Борба, кои веќе неколку години сфаќаат дека се бореле за различни држави. Еднаш за ФИРОМ, еднаш за Македонија, еднаш за Северна... кој знае, можеби мојот наследник ќе реши дека МОБ уствари бил за слободен Карпош Четири!
Да не избрзуваме, секој ден се менува историјата, баш сега ми кажа директорот... а и Мила Царовска истото тоа ми го спомна. " - изјави Заев.