logo

# Сатира

Зоран Заев: Љубовта е моја религија!

насловна слика

Премиерот Зоран Заев во изјава за странски медиум изјави дека бил протестант, а во 1999 станал православец. Тој изјави дека е голем верник и дека Православноста е негова религија.

 

Сепак, денеска, кога го прашавме за неговите религиозни гледишта, тој кажа нешто сосема друго!

 

"Љубота е моја религија. Во мојот свет нема вера... нити границa. Мојот свет се осум ноти. Една душа. Балканска. Мојот свет се вика Музика." - одговори Заев.

 

По ова ние го прашавме дали тој само цитира делови од песни на Каролина Гочева, а тој не' погледна и со рака на градите ни кажа "Луѓе. Ве молам. Ајде да го баталиме минатото."

 

 

Коментари


Остави коментар