Неколку денови откако натпартискиот претседател - Стево Пендаровски го презентираше новиот дрес кој уствари нема да биде нов туку стариот ќе биде нов (да, комплицирано), Зоран Заев реши да не остане покусо - тој најави дека ќе го објави новиот дрес на Косовската фудбалска репрезентација.
"Фудбалот е игра, адреналин и тимски дух. Дресот е само материјал на дресовите на фудбалерите. А, добрососедството е внимателност и почит кои треба да траат со години, децении и векови. Честито нови дресови на Косовските фудбалери, косовската гордост, косовскиот тим кој оди напред кон европски пласман! Честито и на македонскиот тим за лошите нови дресови. 🇲🇰🇽🇰 #EURO2020 #MKDKOS" - изјави Зоран Заев.
Не ни одговори како успеа да изговори емоџиња и хештегови во вистински живот.
Го запрашавме и зошто честиташе европски пласман на косовските фудбалери кога тие не се пласираа на ЕП.
Тој ни одговори "Луѓе. Ве молам. Да го баталиме минатото." - по што се сврте и замина.