logo

# Сатира

Зоран Заев: Дали сте за промена на името во "Република Италија" со цел да организираме Евровизија?

насловна слика

Познатиот бизнисмен Зоран Заев, денеска на својата фејсбук страница постираше нова, генијална идеја за пргорес на нашата земја.

 

"Дали сакате да немаме никакви проблеми со Бугарија или со било кој сосед? Дали сакате името на нашата земја да биде дел од членките на ЕУ? Дали сакате името на нашата земја да биде дел од земјите што освоиле Светско во фудбал? Дали сакате да имаме светско име, со голема историја? 

 

Е па не се грижете повеќе!

 

Република Италија е решение за кое што сум спремен да ве водам напред! Следете ме!!!

 

Со промена на името во Република Италија догодина ќе може да организираме Евровизија и сите ваши таги ќе бидат минато!!!

 

Очекувам во најскор рок да биде распишан референдум за ова прашање, а во уште побрз рок да најдам луѓе што ќе гласаат за ова без разлика што некоја глупава демократија или некој си глупав устав има да каже." - постираше Заев на неговиот Фејсбук профил.

Коментари

Кооперација

Ti si psihichki ne vo red .Priberi se i vrati go Imeto Makedonija ili zamini si .Ke imasch i ti mir i Makedonskiot narod .

D3Y5QzvfebGGjdDZaIPpLbjNURoed9D2yrl8AtwL

закон лик....


Остави коментар