Овие денови се одвива пописот во Република Македонија, а голем дел од граѓаните се со различни ставови.
СДСМ и ДПМНЕ, како партии кои не се две страни на една паричка сметаат дека пописот е права ствар, а постојат и такви граѓани кои се уште не се најсигурни дали ќе се попишат или нема да им отворат своја врата на попишувачите.
Од овие вторите е и Зоран Кичеец кој на прашањето дали ќе се попише одговори со "Не сум дома. На одмор сум. Ќе праиме муабет ако се вратaм од одмор."
Го прашавме дали сакаше да каже "кога ќе се врати", а не "ако се врати", но господинот Кичеец само се насмевна.
Најверојатно му се десило лапсус лингва.