logo

# Сатира

ЗОО СКОПЈЕ ПРЕПОРАЧУВА: Не ги ловете диносаурусите за да ги печете на скара

насловна слика

Зоолошката градина од Скопје со нова молба до граѓаните и сите што планираат да ја посетат зоолошката градина деновиве.

 

Имено, тие велат дека периодов се соочуваат со крадци на диносауруси кои потоа ги носат диносаурусите дома и ги печат на скара.

 

"Луѓе... МЕСОТО ОД ДИНОСАУРУС НЕ Е ВКУСНО! Пред се поради тоа што не е месо. Пластика е! Престанете да ги ловите овие животинчиња и навечер да ги носите во вашите домови каде потоа во дворот ги печете на скара со вашите пријатели. Ве молиме, престанете со овие работи. Не ги чепкајте, не ги јавајте, не ги хранете и не ги носете дома за печење на скара. Тие се само обични диносауруси!" - се вели во соопштението на Зоолошката.


Анонимен граѓанин веднаш пратил повратно писмо до Зоолошката во кое што се вели: "Да бе. Ти ќе ми кажеш што да праам."

Коментари


Остави коментар