logo

# Сатира

ЗЛОТО ДЕМАНТИРА: НЕ СМЕ АНТИ-СДСМ! СТОП ЗА ЛАЖНИТЕ ВЕСТИ!

насловна слика

Откако психички стабилниот Зоран Заев почна да најавува дека злото се обединува и се спрема да ја нападне земја, екипата на Кооперација стапи во контакт со злото за да ја чуе неговата страна на приказната.

 

Имено, според злото, тој не е анти-СДСМ и ќе го тужи Зоран Заев за ширење на лажни вести.

 

"Не сум анти-СДСМ. Ги следам долго време. Ги поштувам. Немам гласано за нив, ама немам гласано ни за ВМРО пошто не сум човек. Зло сум. Ама огромен фан сум им и има многу одлуки кои ни на мене не би ми текнале. Сметав дека имаме добар однос со Зоран Заев па затоа сум малку изненаден од овие напади. Требаше да ја научам поентата после приказната со Боки 13 и Максим. Прво им прави лице дека се другари, па после ги напаѓа. Ете, сега и мене истото ми го направи. Разочаран сум. Ќе се видиме на суд, Зоране!!!" - изјави Злото за нашиот сајт.

 

Во меѓувреме, поранешниот премиер Никола Груевски објави дека Зоран Заев е грешка и дека Злото не се спрема да ја нападне Македонија туку мрачни сили.


Останува да видиме дали Злото или Мрачни сили ќе ја нападнат државава. Бидејќи тешко е за верување дека Заев или Груевски некогаш би лажеле... најверојатно и двајцата се во право!

Коментари


Остави коментар