Конечно! Граѓаните на Македонија ќе добијат нова партија!
Новата партија ќе биде формирана од страна на жителите на Арачиново кои велат дека е време во 2022 Македонија да ја добие својата прва либертаријанистичка партија.
"Доста беше од ВМРО, СДСМ, ДУИ и останатите партии! Време е да има опција која ќе се залага за либертаријанистички погледи на светот! Ќе се залагаме за целосно укинување на даноците во земјата и очекуваме нашето мото "Make Taxation Theft Again" да стане навистина популарно и да ни донесе неколку пратенички места на следните избори. Либертаријанизмот ќе победи! Смрт за СоцијалДемократијата! Смрт за Левичарството! Смрт за ...што и да е кратенката у името на ДПМНЕ! Да живее либертаријанизмот! Да за слобода! Не за даноци! Ќе победиме!!!" - изјави еден граѓанин за нашиот сајт, а еден колега ни го преведе говорот од албански на македонски.