Жителите на Пустец повторно ги добиваат своите пет минути слава!
Во исчекување на вториот круг од локалните избори, жителите на Пустец велат дека едвај чекаат некој да ги викне на гласање во вториот круг на локалните избори.
"Едвај чекам! И другари од Косово викнав за вториов круг, ќе ми се придружат и они. Не ни знам кога е гласањето, само знаеме ќе дојде еден човек со комбе, ќе не собере сите и во комбе ќе ни кажат за што гласаме, каде гласаме и што ќе добиеме за гласањето. А искрено не ни знам кои се кандидати. Цело време за различни партии гласаме, за кој треба... за тој се гласа. Еве, детето мое, само што наполни 18 години, вели дека е пресреќно за прв пат да отиде на екскурзија, вели дека е толку возбуден да гласа за тој што ќе му се каже што ако треба со две раце ќе заокружи! Ама после му објаснив дека тоа не се смета за важешко ливче... најверојатно? Не сум сигурен ни јас како функционира гласањето, ни кои се партиите и кандидатите во Македонија, ама знам дека до сега немам пропуштено гласање!" - изјави А.Б. горд жител на Пустец.