logo

# Сатира

Жители на Арачиново ветија дека во иднина нема да ги бркаат полицајците ако бидат умни

насловна слика

По вчерашниот инцидент во скопското село Арачиново, во кој припадници на МВР беа протерани од вооружена група одговорни граѓани поради недолично однесување кон нивни роднина, денес дојде до смирување на тензиите откако граѓаните се извинија за својата емотивна реакција и ветија дека повеќе нема да протеруваат полицајци.

 

- Ние немаме никакви проблеми со полицијата, се’ додека не ни се мешаат во работата. Нема што тие да стопираат наши роднини и да им бараат документи. Ако има потреба од нешто такво, нека се јават, ние ќе направиме контрола. А не вака, да се однесуваат како да се дома. Значи, само нека бидат умни и ќе немаме никакви проблеми. – рекоа Арачиновци

 

Министерот Спасовски им се заблагодари за разбирањето и го пофали нивниот одговорен однос кон полицајците како вистински пример за соживот и за одговорни граѓани кои даваат се’ од себе за фер и правично спроведување на законите.

Коментари

NZiV7oJStZTodyBzWGAYXs4Z0NIId3pE8e7YqbPC

No koment


Остави коментар