Екипата на Кооперација со најнови вести од воената ситуација во Украина!
Нашиот новинар секојдневно го жртвува животот за да ги донесе најновите информации од Украина.
Како што дознаваме, ситуацијата е навистина лоша, а жителите на Украина не знаат до кога ќе можат да издржат.
Сепак, не е се така лошо!
Нашиот новинар успеа да пренесе порака што носи надеж до сите граѓани на Украина, а тие беа презадоволни да дознаат дека во Македонија нема да има Руски ТВ канали!
"Сериозно? Тие двајцата што гледаат Руски ТВ канали во Македонија веќе нема да може да гледаат?!?!? БРАВО! А баш мислев дека се е црно во мојот живот овие денови. Е сега и да умрам не ми е гајле! Браво!" - биле зборовите на еден Украинец кои веќе десетина денови е под опсада на Руската војска.