logo

# Сатира

ЖЕНА ХЕРОЈ! Бисера Костадиновска Стојчевска во скафандер го гласаше законот за дивоградби!!!

насловна слика

Херојските подвиди на првата македонска супер-хероина не застануваат! Откако во скафандер отиде во собрание за да гласа на закон каде нејзиниот глас не смени ништо,таа пред неколку дена направи уште едно навистина храбро дело!

 

"Гледам многу луѓе велат дека херои се тие што во моментов ја преживуваат кризата во Палестина и Израел. Тоа не е вистина. Вистинска хероина сум јас, која во скафандер отиде да го гласа законот за легализација на дивоградбите! Со овој закон 50 илјади луѓе ќе останат во своите домови! Нов ден - ново херојство! Продолжувам во ист стил!" - изјави Б.К.С. 

 

Која ја прашавме зошто повторно отиде да гласа иако е позитивна на Коронавирусот, таа ни одговори:
 

"Што? Корона? Хаха, не бе,  тоа ми помина пред недела дена, ова онака, ради мода отидов во скафандер сега. Минатиот пат ептен лајкови собрав, па решив пак."

 

 

Коментари

huUyUT7DJGWk4P7Zy4HdJpz9OZI1aQcn3DBc0Kr3

Се шушка Шанел и шиел нов, потренди , као вечерна тоалета.....


Остави коментар