logo

# Сатира

Жена му не му давала да се вакцинира за да не скита по кафани

насловна слика

Тешка судбина го снајде велешанецот Славиша Николовски, откако неговата сопруга Слаѓана му забранила да се вакцинира. Причината за оваа забрана, како што вели госпоѓата Слаѓана, е тоа што доколку му дозволи на својот сопруг да се вакцинира, овој ќе почне пак да шета по кафеани.

„Да се вакцинира Славиша?!!! Нема шанси! Само преку мене мртва! После да го пуштат да скита по кафани пак. Да не се прибира по цела ноќ! Нема шанси! Мислите него до вакцина му е дојдено? Го заболе него за корона! Сака да иде да лока таму! Не го пуштам да се вакцинира и точка!“ - револтирано изјави госпоѓата Слаѓана.

Славиша е разочаран и скрешен од судбината која го снајде.

„Што да кажам? Еве што да кажам? Со жена кој искочил на крај?! Не разбира! Запнала нема вакцина и точка. Не знам што ќе се прави… Ќе се испозаразиме, ќе го јадеме… Многу сум разочаран!“ - разочарано изјави господинот Славиша.

Останува да видиме како ќе резултира оваа семејна драма и дали разумот ќе победи на крајот.

 

Коментари


Остави коментар