Бенефитите од Преспанскиот се секојдневни и сите ги чувствуаме на своја кожа.
Можеме да пишуваме до утре за генијалноста на овој договор, но сепак нема, бидејќи ќе останеме тука до 2025 и се уште ќе остане некоја генијалност подзаборавена.
Политичарите на Нашата Земја се уште се презадоволни од овој договор и велат дека Преспанскиот договор е пример како се решаваат проблеми на две соседни земји.
"Со Преспанскиот договор им го осветливме патот на многу земји. Им покажавме како се решаваат проблеми. Моделот на Преспанскиот договор е премногу генијален и во иднина ќе спречи долгогодишни конфликти. Само го користиш начинот на преговарање што е искорситен за Преспанскиот и ете, одма се е решено" - изјави еден политичар од Нашата земја.
Запрашан за тоа зошто не се искористи овој начин на решавање на проблеми и во ситуацијата со Бугарија тој одговори:
"А бе премногу е генијална целата ситуација со Грција. Ене ги, Израел и Палестина еден конфликт не можат да решат, не сакаме да делуваме ептен надмоќно со тоа што набрзина ќе решиме два проблеми. Нема зошто да го направиме истото и со Бугарите. Не се откажуваме, ќе пробаме без тоа"