Претседателот на Украина со нов потег што докажува дека навистина пробува да и помогне на државата!
Откако виде дека со лидерски потези не може да помогне, тој реши да го направи тоа што го прават лидерите на Репбулика Северна Македонија!
Да ја прифати реалноста!
Па така, тој ќе нареди повлекување на силите на Украинската армија бидејќи неприкосновен факт е дека Русија ја нападнала Украина.
"Факт е. Тоа е. Реалност е дека Русија убива наши луѓе. Нормално, јас препознавам дека ова не е здраво, нормално, уставно или легално... ама што да правиме? Најпаметно е да си ќутиме и да почекаме од старост да умрат Русите. Па после, за 1000 години можеби ќе може некако да се справиме на легален начин против Руската окупација. Око за око ќе го остави целиот свет слеп. Така рекол Ганди. Затоа, на неправедноста ќе вратиме со... ништо. Нема да се браниме. Нека прават што сакаат Русите, па здравје боже за 1000 години можда ќе биде подобро. Кој знае. Така прават во Северна Македонија, така треба и ние да правиме, сепак тие се во НАТО, ние не сме. Сигурно тие прават нешто подобро од нас." - изјави Зеленски на неговиот профил на Телеграм.