logo

# Сатира

Зеленски: ОК, ЌЕ ПОТПИШАМ СЕ ШТО САКА ПУТИН ЗА ДА ДОБИЈАМ НОБЕЛОВА КАКО ЗАЕВ!

насловна слика

Конечно, созреа Зеленски!

 

Украинскиот претседател сфати дека борење за своите права и борба за суверенитетот на својата земја од сосед кој не сака да постоиш е нешто за што не смее да постои место во 2022 година!

 

Зеленски изјави дека ќе потпише договори со кој ќе биде задоволен Путин, а со овој потег се надева и дека ќе добие Нобелова награда за мир.

 

"Касно ми текна. Ама подобро доцна наместо воопшто да не ти текне. Заев за малце ќе добиеше Нобелова награда со потпишување на се што сака соседот. Затоа и јас ќе правам тоа што направи тој и ќе се надевам на Нобелова. Ако ништо друго барем номинација." - изјави Зеленски.

 

Од ЕУ го пофалија овој потег, а преставник на унијата кажа: "Разумен компромис. Украина ќе биде несреќна дека ќе потпишат дека ЛНР и ДНР се официјално независни, а Русија ќе биде несреќна дека не ја срамниле Украина до земја. Тоа е,  знаеш дека договорот е разумен, фер и рационален кога и двете страни се несреќни. Секогаш ќе поддржуваме договори на соседни држави!"

Коментари


Остави коментар