Претседателот на Украина продолжува да се справува со војната на невообичаен начин.
Имено, и покрај тоа што во земјата владеат сериозни проблеми, не владее никаква уставност и секојдневно илјадници луѓе ја напуштаат земјата, тој се уште вели дека не е толку сериозна ситуацијата за да направи нешто посериозно.
"Видете, мислев да пробам да ја подобрам земјата. Арно ама, се запрашав едно прашање што секој лидер на светот си го поставува - "Што би направил Христијан Мицкоски на мое место?" - и така дојдов до решението! Нема да правам ништо! Ќе оставам Русите да си прават што сакаат и да го шират своето влијание во земјава. Можеби не постои никаков ред нити почитување на правилата во земјата, но ако пробам да се спротиставам тогаш ќе ми се налути Руската заедница! А нели, тоа не го сакаме. То ест... ја го сакам... ама Мицкоски не го сака... а нели, целта ми беше да постапам така како што би постапил Мицкоски, така да... сега за сега нема да направам ништо. Па ќе видиме, можеби ќе дојде жешка, спарна, изгор, опасна Украинска пролет наскоро! Можеби." - изјави Зеленски.