logo

# Сатира

Здружението на Вошките од Македонија: СЕ ОДГРАДУВАМЕ ОД СТЕВО ПЕНДАРОВСКИ!

насловна слика

Ескалира ситуацијата во државава!

 

Освен партиите и Здружението на Вошките од Македонија (ЗВМ) со свој став за моменталната ситуација во земјава.

 

"Здружението на Вошките од Македонија најостро се одградува од расправиите на господинот Димитар Апасиев и господинот Стево Пендаровски. 

 

Сметаме дека користењето на зборот "вошка" како навреда за господинот Пендаровски е крајно неоснован.

 

Ние, од ЗВМ крајно се одградуваме од господинот Стево Пендаровски. Тој не е член на ЗВМ, нити пак некогаш ќе му дозволиме да биде.


Го замолуваме во иднина господинот Апасиев да биде повнимателен во користењето на пцовки за господинот Пендаровски.

 

Со почит,
Здружение на Вошките од Македонија." - се вели во соопштението на ЗВМ.

Коментари


Остави коментар