logo

# Сатира

ЗДРУЖЕНИЕТО НА МРТОВЦИТЕ БАРА ПРАВО НА ГЛАС!

насловна слика

Гласање. Право што го има секој еден од нас.

 

Но... дали навистина?

 

Здружението на мртовци на Република Македонија вели дека државата им го ускратува правото на глас и бара да се легализира нивниот глас!

 

"Ова е срамота! Во уставот пишува дека секој граѓанин на Република Македонија постар од 18 години има право на глас... каде пишува дали граѓанинот мора да биде жив или мртов? Еве, ја сум веќе 55 години мртов, па до сега немам избори пропуштено во независна Македонија. И на референдумот гласав за Европска Македонија бидејќи сакав да имам најдобра, Европска почва во која ќе почивам. Па уште и гледам луѓе се исмеваат со мртовци што се наоѓаат на списокот за гласање! Ова е повреда на правата!!! Гласањето треба да биде едноставно! Секој што има проблем со ова има проблем со правдата! СЕКОЈ ГРАЃАНИН ИМА ПРАВО НА ГЛАС! Јас сум граѓанин! Мртов, ама граѓанин! И ќе гласам во втората рунда од локалните избори. Пробајте па спречете не!" - изјави Живко Живковски, лидерот на здружението на мртовците на РМ на прес за медиумите.

 

Пресот беше оддржан преку ouija board.

Коментари


Остави коментар