Дали ќе се одложи истерувањето на демони кое беше најавено за оваа сабота?
Познатиот истерувач на демони Тино Кајшаров вели дека настанот ќе се одржи според планот, но Здружението на демони испрати писмо до медиумите во кое се предупредува да не се присуствува на овој настан бидејќи тие гарантираат дека ниту еден Македонец нема демон во себе си!
"Почитувани медиуми. Почитувани Македонци. Непочитувани истерувачи на демони.
Здружението на демони сака ве предупреди за настанот кој ветува истерување на демони од страна на телата и душите на Македонците.
Ние со 100% сигурност тврдиме дека ниту еден Македонец не е опседнат од страна на демон.
Здружението на демони со години не дејствува во Македонија.
Последен случај кога демон опседна Македонец беше во 1993, и тогаш сфативме дека опседнување на Македонци е тешка работа.
Секој демон што опседнал жител на Македонија заврши со тешки психички пореметувања, па затоа, официјално според "Договорот за избнегување на луѓе со потежок живот од нашиот", Здружението на демони се обврза НИКОГАШ да не пенетрира луѓе кои имаат потешка ситуација од нас.
Со почит,
Здружението на демони." - се вели во соопштението.