logo

# Сатира

ЗБУНЕТ! Човек што вчера сметал дека Венко треба да остане, сега прави муабет за Роналдо во Манчестер!

насловна слика

Лошо!

 

Нови проблеми за објективните граѓани!

 

Имено, лице со иницијали М.Н. ги има поминато последите 24 часови пишувајќи "Venko treba da e idiot da si dade ostavka, ne e vinoven. Prestanete da mislite deka treba da snosi odgovornost vie amebi! Koj ve plaka???? Samo glup covek moze da misli deka Venko treba da dade ostavka!!" и останати слични статуси.

 

Сепак, овие статуси магично се избришани во меѓувреме и сега на фејсбук профилот на ова лице може да се најдат статуси од типот на "BRAVO VENKO! TAKA TREBA!! SAMO PAMETEN COVEK MOZE OVA DA GO NAPRAVI!!! UBAVO  IM GO PLESNA U FACA NA SITE! Nego.... utre Junajted igra be? Ke bide jako ej, Ronaldo se vraka u Mancester, edvaj cekam.."

Коментари


Остави коментар