Коментарите на Тони Стојановски очигледно не легнаа добро во соседна Грција.
Поради ова, грчкото МНР упати протестна нота до МНР-то на нашата земја, а во истото тие бараат Југослав Костовски и Северџан Бајрам да бидат коментаторското дуо за ова ЕП!
"Не сакате да смените лого? Е па ќе смените коментатори. И тоа ние ќе решиме кои двајца ќе ви коментираат.
Југослав Костовски и Северџан Бајрам.
Едниот е искусен спортски коментатор што го бива за вакви работи.
Другиот е актер и комичар што со својата смисла за хумор ќе додаде малце боја во коментирањето на спортските настани.
Се' освен Југослав и Северџан ќе го сфатиме како провокација!
P.S. Овој Југослав, уште така се вика, нели? Или е Поранешен Југослав?"