Запнаа преговорите: ДУИ бара Албанец претставник на Евровизија
Откако се договорија за премиерската позиција, министерствата и директорските места, преговорите помеѓу СДСМ и ДУИ запнаа околку претставникот на нашата држава на Евровизија 2021. Имено, според блиски партиски информации од Мала Речица, лидерот на ДУИ, Али Ахмети инсистира за Албанец претставник на Евровизија. Во јавноста се шпекулираат имињата на Адријан Гаџа, Дуа Липа и Рита Ора како можни претставници на Македонија на Евровизија 2021. Од друга страна, лидерот на СДСМ, вели дека нема да ги прифати уцените на Али Ахмети и ги предложил имињата на Калиопи, Тамара Тодевска, Ѓорѓи Крстевски и Марјан Стојановски за можни претставници. Експертите велат дека можно е враќање на триото Јован Јованов, Адријан Гаџа и Елвир Мекиќ како решение прифатливо за двете страни. Останува да видиме дали лидерите на двете партии ќе ги надминат овие разлики и ќе договорат влада во предвидениот рок.