Целосна рефундација на средствата за сите незадоволни пациенти што не го преживеале експерименталниот третман, вети академикот Жан Митрев по вчерашната репортажа на ИРЛ и уште еднаш покажа дека е полн со емпатија и филантропија, дури и во овие, за него, неверојатно тешки времиња.
- Секој бивш пациент, а сегашен покојник, ќе може со изјава заведена на нотар, не постара од 24 часа, да си ги рефундира сите средства што ги платил. Се’ што треба да направи е да ја донесе лично и со неа да достави извод за умрени издаден пред, најмалку, 3 месеци. Па ко воли, нек изволи. – изјави академикот и полиглот Митрев.
Министерството за здравство ја поздрави оваа несебична постапка на академикот и изјави дека со ова од банкрот ќе се спасат огромен број мртовци, кои конечно ќе добијат шанса да го проживеат животот како милионери.