Марк Закерберг конечно откри кој е главниот виновник зад вчерашниот проблем што резултираше со пад на серверите на Фејсбук, Инстаграм и Њхатсапп.
Имено, тие штотуку вработиле нов човек да им ги чува серверите, извесен О.С. кој уште на првиот ден од работата успеал да зафркне работа.
"Да, Оливер Спасовски ги чуваше нашите сервери. Реши да проба со нова работа бидејќи го среди криминалот во нашата земја. Овај, вашата земја, ама од ваш аспект е Нашата земја. Сакам да кажам... го среди криминалот и веќе немал друга работа, па реши да бара друга работа. Ние во Фејсбук секогаш сакаме да помагаме и решивме да му дадеме работа како официјален чувар на серверите. Само 10 минути откако го вработивме се случи целосен крах на целиот систем. Немаме поим што се случи, а господинот Спасовски не' убедува дека ќе најде кој е виновникот зад сево ова. Не му веруваме. Го отпуштивме. Повеќе нема да има вакви проблеми." - изјави Марк Закерберг во интервју за нашиот сајт.