Човекот што си даде оставка од позицијата лидер на СДСМ и премиер на Република Македонија се уште останува актуелен во вестите! Овој пат, Зоран Заев имаше свое мислење за прославата на фудбалерите. Тој вели дека бил згрозен од прославата на Македонија со пеење на патриотски песни од страна на фудбалерите и дека ако се прашува тој, подобро би било да пеат "Текила со лимон" од Елена Ристеска.
"Зашто бе фудбалери на Македонија да пеат песни за Македонија? Мислите ли дека во САД се слави со викањe "U S A! U S A!" на пример? Секако дека не, тие пеат нај различни песни. Ајде да се стремиме на обединување. Можеби фудбалерите делуваат обединето, но јас ве уверувам ако пеат друга песна дека ќе бидат уште пообединети. Еве, на пример што и фали на песната "Текила со лимон" од Елена? На пример? Или "Нема правда нема мир" песната од Бени? Или нешто од Дац и Александар? Или... што ти знам, има ептен песни за пеење, не мора се едни исти..." - изјави Зоран Заев.
Со свое мислење се појави и Артан Груби, кој препорача дека фудбалерите треба да прослават со песната "Thank you USA" од Арменд Мифтари - МЕНДИ, песна чив текст го има напишано Арменд Мифтари - МЕНДИ, музиката е од страна на Арменд Мифтари - МЕНДИ, композирана е од страна на Арменд Мифтари - МЕНДИ, а ја изведува Бијонсе. Секако дека последната реченица е шега. Ја изведува Арменд Мифтари - МЕНДИ.