Премиерот на државата - Зоран Заев, во последен обид да ја смири ситуацијата со Република Бугарија!
Имено, тој пробува да се сретне со фудбалерите и да ги натера нивното место на ЕП во фудбал да им го даде на бугарските спортисти.
"Видете. Бугарите се народ што сакаат спортски успеси. Зарем сакате да им ја одземете потенцијалната радост на милион бугарски дечиња? Зарем сакате да расплакате цела нација?
Доколку им го оставите вашето место на бугарите, тогаш тие ветија дека ќе го тргнат ветото.
Што е подобро, три утакмици на ЕП или ВЕЧНО учество во Европската Унија откако ќе ни го тргнат ветото?
Замислете, утре вашите деца ќе ве прашаат дали сте имале шанса да ја однесете нашата земја во ЕУ. Што ќе им кажете?
Ве молам, размислете.
Фудбалот е игра, адреналин и тимски дух. Головите се само бројка на истекот на 90-те минути. А, добрососедството е внимателност и почит кои треба да траат со години, децении и векови." - објави Зоран Заев до фудбалерите.