logo

# Сатира

Заев: ЗГРОЗЕН СУМ ШТО СЕ УШТЕ ПОСТОИ ПАТРИОТИЗАМ ВО УКРАИНА!!!

насловна слика

Поранешниот премиер пред неколку минути напиша фејсбук статус што успеа да собере повеќе лајкови и од статус на Апасиев или слика од полугола инфлуенсерка.

 

Имено, Зоран Заев напиша дека е згрозен од фактот што толку многу Украинци се спремни да умрат за својата земја и не му се верува дека во 2022 се уште постои концептот на "патриотизам"

 

"Срамота. Згорзен сум. Еве веќе пар часови повраќав. Сопругата мислеше дека сум јадел паштета со поминат рок, ама не е тоа причината за моето повраќање. Гледам вести и Украинциве викаат дека се гордеат со својот акт на патриотизам??? Велат дека сакаат да умрат за земјата???? ПА АЛО БЕ ИДИОТИ ЗЕМЈАТА НЕ СТЕ ЈА ОДБРАЛЕ! АЛО ИДИОТИ ПРЕД ИЛЈАДНИЦИ ГОДИНИ НЕ ПОСТОЕЛА УКРАИНА! Не вреди да умреш за некој измислен концепт како држава. Украина е измислена држава. Треба да си идиот да се гордееш со својата земја. Гордоста е смртен грев. Срамота. Не ми се верува дека во 2022 постои измислен концепт на "патриотизам" и што толку луѓе се спремни да умрат за некоја глупа држава што не постоела пред деведесетите и што за стотици години од сега нема да постои. Ми се грози, навистина. Патриотизам? Што е следно? Чест? Срамота! Се надевам дека овие регресивни граѓани брзо ќе умрат и потоа ќе останат само вистински интелектуалци што знаат дека патриотизмот е чумата на дваесет и првиот век." - гласеше фејсбук стастусот на Зоран Заев.

 

 

 

Коментари


Остави коментар