Лидерот на десно-централно-левичарско-либерална-конзервативнао-социјал-комунистичка-патриотска партија СДСМ во напад против човекот лидер на партијата со име ЛЕВИЦА!
"Не сфаќам! Партијата се вика ЛЕВИЦА. И сам се лупа во гради дека е левичар... и јас му верував... се додека еден ден не го видов во собрание како пишува со десна рака.
Во животот сум видел многу левичари.. сите пишувале исклучиво со левата рака.
Сфатив дека овој човек нешто лаже. Тој е деснак, а не левичар!!!! Лажно се претставува!!" - изјави господинот Заев, лидер на партијата што не се асоцира со Социјализам, не почитува Демократија, не е баш најголем Сојуз, а дефинитивно не е на Македонија. Односно, лидерот на СоцијалДемократскиотСојузнаМакедонија.