Зафатениот Зоран Заев (ЗЗЗ) го начекавме како заминува од една седница на владата за да се опушти во друштво на неговиот моторцикл. Немаше премногу време па моравме да го запрашаме само едно прашање - кога ќе се среди ситуацијата со Бугарија?
"Оптимист сум. Во следните две месеци ќе се среди се. Следните две седмици се клучни, верувајте што ви зборам! Затоа, мора само опуштено. Слушајте ги мерките. Носете маски. Дистанцирајте се... не чекај, тоа беше за Короната... за што ме прашавте? Бугарија? А нц, неам појма тоа кога ќе се среди, од кај да знам ја?" - беше одговорот на премиерот.