logo

# Сатира

Заев за потегот на Германците: "БАТАЛЕТЕ БЕ ТОА ЉУБОВ, ГЛЕЈТЕ ПАРИ ДА НАПРАВИТЕ!!!"

насловна слика

Не запираат реакциите на целиот свет после вчерашниот потег на фудбалската репрезентација на Германија!

 

Имено, откако на нив не им беше дозволено да носат капитенска трака на која ќе пишува "One Love" (Една љубов), тие решија да ги покријат своите усни на теренот за да ја пратат пораката дека за некои работи не се дискутира и секој заслужува да се идентификува така како што сака.

 

Со свој став се појави и познатиот фудбалер, филантроп, филозоф и останати работи на ф - Зоран Заев.

 

Тој напиша два фејсбук статуси за оваа ситуација.

 

"Срамота! Германци, ми се гади од вас! Како бе така се буните што во Катар не им се даваат основни права за самоопределување на хомосексуалците??? Па уште и немате попаметна работа, сакате да ширите и порака за "љубов" ??? Ма ајде ви се молам. Ми се гади од официјалната објава дека за човекови права не треба да се разговара! (линк) Како бе тоа за човекови права не се разговара??? За СЕ И СЕШТО ТРЕБА ДА СЕ ДИСКУТИРА, РАЗГОВАРА И ДЕБАТИРА! Само така може да биде намалена разликата помеѓу едната страна и другата страна. Еве, ако јас се водев од тоа "Za CoVeKoVi pRaVa Ne TrEbA dA Se DeBaTirA" немаше за малце да освојам Нобелова награда за мир!!! Бателете тоа љубов-мубов. Љубовта нема да ви ги нахрани децата. Парите од победата ќе ви ги нахранат децата! Пари и храна носат наполнет стомак, а не морал, правда и љубов! Срамота е колку далеку е стигната вмровштината! А ќе кажеш Германци, паметни, не се глупи да паѓаат на вмровски фори за љубов. Срамота!!!" - се вели во првиот фејсбук статус на познатиот Зоран.


Во вториот статус се вели следното:

 

"Фудбалот е игра, адреналин и тимски дух. Головите се само бројка на истекот на 90-те минути. А, добрососедството е внимателност и почит кои треба да траат со години, децении и векови. Честита победа на нашите македонски фудбалери, нашата гордост, нашиот тим кој оди напред кон европски пласман! Честито и на косовскиот тим за добрата игра. 🇲🇰🇽🇰

#EURO2020 #MKDKOS"

Коментари


Остави коментар