logo

# Сатира

ЗАЕВ: За почеток ќе бидеме цимери со Грујо во Будимпешта!

насловна слика

„Точно е, за почеток ќе бидеме цимери со Грујо во Будимпешта. Тој се нафати да делиме стан и трошоци додека се снајдам, а за патувањето до таму, овој пат тој ќе организира. Му кажав дека имам неколку маани кои сакам да му ги навестам пред официјално да почнеме да живееме заедно. Споделив доста детали, како и мојата анксиозност која се појавува секогаш кога машината пере. Сподели и тој, но јас нема да ви ги откријам, сепак човекот е мој долгогодишен соработник и иден цимер, ќе мора сами да го исконтактирате доколку сакате да дознаете нешто повеќе од негова страна. Што е до мене јас сум секогаш транспарентен, тоа го знаат граѓаните! Заев и Грујо се двајца толку различни, а сепак толку слични индивидуи со малтене скоро иста судбина. Знаејќи го тоа, заеднички дојдовме до компромис. Грујо ќе ја пушта машината за перење, а јас ќе бидам одговорен за миењето садови. Подоцна ќе ни бидат пратени многу тегли со ајвар, па можеби и малку од тие билки со кои последно се занимавам, но нема да откривам понатаму.  Сигурно ќе ги освежиме сеќавањата од студентските денови! Сепак, прерано е да зборувам, најпрво треба да се помине фазата до пристигнувањето која бара многу енергија и театар додека да биде завршена. Но сепак, драго ми е што учам од најдобриот. Јавете му се на Грујо, тој сигурно нешто ќе ме надополни.“ – рече Заев додека испробуваше разни багажници со цел исполнување на планот наречен Будимпешта.

„Ќе му ја дадам помалата соба, иако тој инсистираше да ја земе големата спална. Но јас прв дојдов и веќе сум одомаќинет, што се вели. Јас едвај чекам да има нешто за перење, веднаш ја пуштам машината - сосема спротивно од заев, но сунѓерче во рака не фаќам, тоа е ген од Груевци. Често излегувам на кафе, тука во Будимпешта, каде наскоро треба да пристигне Заев. Е сега малку ќе биде проблем на почетокот  додека Зајко да се навикне, зашто јас често не сум дома, а тој како што знаете и самите од мојот случај, барем некое време ќе мора да сокрива од очите на јавноста. Нејсе, отом – потом! Грујо и Зајко, ха ха ха , кој мислеше? Никој... освен ние што знаевме! – слатко се изнасмеа Грујо и се извини што мора да оди, машината за перење само што завршила...

Коментари

WnSmHxHJ8sfI3rY3nscIwNcKilCGNp6ZIlIJwS8a

ќе го собере него и во рачен багаж со Wizz air....


Остави коментар