Внимавајте! Зло какво што никогаш не било случено на територијата на Македонија и се заканува на државата!
Имено, премиерот на државата вели дека доколку Петре Шилегов изгуби на изборите за градоначалник на Скопје тогаш злото ќе дојде во земјава. Го прашавме дали ситуацијата ќе биде иста како злото што се случи во втората светска војна или не, а тој ни го кажа следното:
"Што? Зло? Во втора светска војна? Во Македонија? Зло? Хаха, ти си некој вмровец изгледа. Немало зло во втора светска војна. Уметност имало, спорт имало, среќа и обединување на нациите имало. Дај не шири вакви дезинформации, ќе те чуе некој што ги читал новите учебници на Мила и ќе ти се изнасмее. Зло у државава немало. Имаше до душа во 1903 зло во Бугарија кога бугаринот Гоце Делчев и други бугари се бореле со злото. Ама во земјава... последен пат вакво зло имаше.... па...кога бев у опозиција. Сомнително како злото се најавува само кога јас треба да отидам во опозиција, ама ете.... Ако ти е утеха новинарче, барем баба ти и дедо ти живееле добар живот и таму некаде во четириесетите години од минатиот век немало никакво зло во земјата. Ама... ти? Твоите деца? Не знам... сериозно зло ни се спрема ако не победи Шилегов. Не ме прашувај како ни зошто... злото функционира на мистериозни начини."