logo

# Сатира

Заев: Во авион ја дочекав веста дека сме започнале преговори за влез во ЕУ

насловна слика

Поранешниот премиер вели дека е презадоволен од веста дека сме започнале преговори за влез во ЕУ.

 

"Да, вистина е дека започнавме преговори за влез во ЕУ. Во авион ја пречекав веста за почетокот на прег... чекај, бе. Зашто ми делува ко да сме го праеле муабетов претходно? Која година сме?" - Заев го запраша нашиот новинар по што доби одговор дека е 2022.

 

"Чоек, зашто ме прашуваш што мислам за почетокот на преговорите за почеток на преговорите за скрининг периодот за почетокот на преговарањето за добивање на датум за добивање на датум за почеток на преговори за добивање на датум за влез во ЕУ??? Па ова уште пред пар години го кажав. И селфи пратив. До толку ли не пратите бе?!?! Што е ова? У мое време имаше паметни новинари, а не ко овие, од мочка праени, у 2022 ме прашуваат работи што сум ги одговорил пред пар години. Срамота, ве молам проверете пар пати пред да ме прашувате. Збогум!" - изјави Заев.

 

 

Коментари


Остави коментар