Премиерот Зоран Заев конечно откри дека на референдумот во 1991 граѓаните гласале за независност на "Северна Македонија", ама поради печатна грешка морало да пишува само Македонија.
За ова ќе се учи и во новата програма според минситерката Мила Царовска по предметот "Нешо као демек историја ама можда и не е историја, сите ќе умреме еден ден, што е навистина историја???"
Еве што изјави Зоран Заев на прес за медиумите:
"ОСМИ СЕПТЕМВРИ! ОДЛИЧЕН ДАТУМ! ДЕН КОГА ГРАЃАНИТЕ НА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА, БУГАРИЈА, ГРЦИЈА, АЛБАНИЈА, КОСОВО И СРБИЈА ЗАЕДНИЧКИ РЕШИЈА ДА ГЛАСААТ! НЕ ТРЕБА ДА СЕ СРАМИМЕ ОД ЗАЕДНИЧКАТА ИСТОРИЈА! ОСМИ СЕПТЕМВРИ Е ДЕН КОГА СЕ ГЛАСАШЕ ЗА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА! Е сега... проблем е што тогаш знаете... 1991 година... печатна грешка имале... знаете, немале модерна тенхологија. А можда и плаќале по буква... па намерно С, Е, В, Р, Н и А ги тргнале за да платат поевтино, Знаете какви биле луѓето порано, хаха. Ама битно е дека референдумот тогаш си беше за Северна. Да. Ако не ми верувате... почекајте 20 години и ќе ви кажат и децата што ќе учат по новата програма. Ова е вистина. Да." - изјави Зоран.